Политика на приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на платформата за електронска трговија - веб страната autoshammy.mk и објаснува како ние ги користиме Вашите податоци, при користење на нашата електронска платформа за трговија, односно веб сајт www.autoshammy.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со оваа Политика за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.


Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт Вие автоматски се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, треба да ја напуштете оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.


Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци со ажурирани детали за нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот, промена на начините за користење и пренос на податоци, нови услови и начини за користење и сл.


Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со позитивните законски прописи за заштита на лични податоци.


Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:


1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

3. За кои цели AutoShammy ги користи податоците

4. Кога и како AutoShammy открива податоци

5. Како Autoshammy ги собира податоците

6. Безбедност на податоците

7. Пристап и промена на Вашите податоци

8. Социјални мрежи

9. Приватност на трети страни

10. Терминологија

11. Рок на чување на собраните податоци

12. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

13. Промена на политиката за приватност

____________________________________


1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и технички (Не-лични) податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

-пристапувате или го користите нашиот сајт;

-се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на autoshammy.mk;

-ги отворате или одговарате на нашите email пораки;

-контактирате со нашата корисничка поддршка

-ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;

-купувате производи или услуги преку нашиот сајт;

-се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;

-давате информации на наши Бизнис провајдери;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас, барање податоци за нашите услуги, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме Вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

Услугите преку Веб страницата се реализираат со: плаќање при достава, плаќање од Корисник, плаќање од посетител на страницата (“gest user”).

Секој Kорисник има обврска средствата од кошничката да ги искористи во рок од 12 (дванаесет) месеци од денот кога истите се внесени на неговата сметка, по истекот на кој рок правото автоматски се гасне и средствата се бришат како неискористени.

ТЕХНИЧКИ (НЕ-ЛИЧНИ) ПОДАТОЦИ.

Технички, Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, Вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови.

2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и за законски легитимни и оправдани цели, за да го подобриме Вашето искуство и трговија, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која AutoShammy ја има со Вас.

3. ЗА КОИ ЦЕЛИ AUTOSHAMMY ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци заради остварување на законски и легитимни цели во електронската трговија и со конкретна цел:

-работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;

-понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;

-да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;

-да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;

-анализа и спроведување на истражувања;

-да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу AutoShammy.

-да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,

4. КОГА И КАКО AUTOSHAMMY ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние нема да ги споделиме Вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Може да Ви биде понудена опцијата да бидат користени Вашите податоци за други активности или услуги различни од активноста или услугата што ја регистрирате на нашата Веб-страница кога ќе се регистрирате, согласно Условите за користење, објавени на сајтот кои Ве замолуваме да ги прочитате.

Ние исто така можеме да ги користиме Вашите деловни, лични и демографски податоци за внатрешните анализи. На овој начин, ние постојано можеме да ги подобриме, прилагодуваме и подобро да ги задоволиме Вашите потреби со производите и услугите што ги нудиме. Ние не ги продаваме или изнајмуваме Вашите лични податоци.

Ве известуваме дека Личните податоци при техничката обработка и споделувањето со трети страни може да се пренесуваат и во трети земји. Преносот на личните податоци во трети земји од страна на AutoShammy се врши со целосно почитување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци. AutoShammy не е одговорен за начинот на пренос на податоците од страна на трети лица и мрежи.

Ние може да откриваме или споделуваме технички (не-лични) податоци со продавачите и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".

5. КАКО AUTOSHAMMY ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на autoshammy.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување или искористувате купони или на било кој друг начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Податоци од паметни уреди користиме кога Вашиот уред има интеракција со нашиот сајт и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

6. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате Вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци и за преносот e известена Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Моја Сметка”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените Ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@autoshammy.mk со email - адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние Ве охрабруваме Веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@autoshammy.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен и во согласност со законски утврденте задолжителни рокови за чување на лични податоци Деактивирањето на Вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите Вашата е-маил адреса заедно со Вашето мислење како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram)
9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.autoshammy.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.


10. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

11. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и во согласност со закнски утврденте задолжителни рокови за чување на лични податоци.Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот кога Корисникот ќе поднесе Барање за бришење на податоците од корисникот.

12. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

-право да бидете информирани за обработката на личните податоци

-право на пристап до личните податоци

-право на исправка и бришење на личните податоци

-право на промена, ограничување и престанок на обработката на личните податоци

-право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: info@autoshammy.mk.

Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права

Политика за заштита на лични податоци

Образец 1: Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци

Образец 2: Барање за запирање на обработката на личните податоци

13. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Се смета дека Корисниците ги прочитале и прифатиле промените со фактичко користење на страницата и веб услугите.
Call Now Button